Јавното претпријатие „Водовод“ соопшти дека по барање на граѓаните е обнована одлуката за ослободување од камата за заостанат долг за вода.

Од претпријатието информираат дека можноста да се плати долгот без камата е со определено времетраење до 1 ноември. Физичките лица кои имаат заостанат долг од 10 до 30 илјади денари ќе може да го отплатат на четири рати, долг од 30 dдо 50 илјади на шест рати, од 50 до 70 илјади на осум рати, од 70 до 90 илјади на 10 рати и над 90 илјади на 12 рати.

Компаниите кои имаат долг за вода може да го исплатат на две рати доколку долгот им е од 10 до 50 илјади, на три рати ако долгот е од 50 до 100 илјади, на четири од 100 до 150 илјади, на пет од 150 до 200 илјади и на шест рати над 200 илјади денари.

- Ослободувањето од камата нема да важи за државните институции, локални самоуправи итн, велат од Водовод.

Со одлука на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, социјалните категории на граѓани кои имаат заостанат долг може да го отплатат на двојно повеќе рати од предвиденото.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2017 11:40