На шведскиот напаѓач на 1-ви јули му истече договорот со Манчестер јунајтед.

Иако постоеше опција клубот од „Олд Трафорд“ да активира уште една додатна година, тоа не се случи поради тешката повреда на коленото која Ибрахимовиќ ја претрпе во финишот на сезоната.

Додека бара нов клуб, Ибрахимовиќ во свој стил се прости од навивачите на „ѓаволите“.

„Дојдов. Реков. Покорив“, напиша Швеѓанецот на неговиот „инстаграм“ профил.

Ибрахимовиќ за Манчестер јунајтед одигра 46 средби во сите натпреватувања и постигна 28 голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2017 11:44