Од денеска и официјално Ромелу Лукаку е играч на Манчестер Јунајтед, соопшти клубот од „Олд Трафорд“.

За овој трансфер Манчестер ќе му плати на Евертон 75 милиони фунти.

Лукаку кој изминатите четири сезони настапуваше за Евертон е најавен како големо засилување за составот на Жозе Мурињо.

Пред Евертон, белгискиот репрезентативец настапуваше за Челзи, Вест Бромвич Албион и Андерлехт.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2017 01:30