Вториот носител Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми се пласира во осминафиналната рунда на Вимблдон, откако попладнево го совлада Ернест Гулбис од Летонија со максимални 3-0, по сетови 6:4, 6:1 и 7:6.
Претходно во текот на денот учество во следната рунда изборија Григор Димитров од Бугарија, Адриан Манарино од Франција, Сем Квери од САД, Милош Раониќ од Канада, Томаш Бердих од Чешка и Александер Зверев од Германија.
Вечерва на програмата на машкиот дел од Грен слемот во Лондон се уште два меча по што ќе се комплетираат осминафиналните двојки и кај тенисерите.