Во рамките на 1. коло од Б-групата на КОНКАКАФ Голд куп, ноќеска во Нешвил се одиграа два натпревара.

Домаќинот, Соединетите Американски Држави одигра 1:1 со Панама, додека Мартиник ја совлада Никарагва со минимални 1:0.

На табелата води Мартиник со 3 бода, САД и Панама имаат по 1 бод, додека Никарагва по завршеното прво коло е последна без освоени бодови.

Вечер по полноќ на програмата се натпреварите од 1.коло во Ц-групата. Јамајка е домаќин на Куракао додека Мексико во својот најдобар состав ќе ја пречека репрезентацијата на Салвадор.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2017 19:19