Фудбалерот на Манчестер сити и шпански репрезентативец, Родри ги сподели своите емоции за добивањето на Златната топка.
Играчот од средниот ред синоќа во Париз беше прогласен за најдобар фудбалер од сезоната 2023/24.
- Еден ден му реков на татко ми: „Го напуштам фудбалот, мојот сон заврши“. Но, тој ми одговори: „Не, продолжи, да се обидеме до крај“. Денес сум тука и горд сум на овој момент. Морам да му кажам на татко ми: „Ти благодарам“. Денешната победа не е за мене, туку за целиот шпански фудбал. Толку играчи ја заслужија оваа награда, но не ја освоија: Иниеста, Чави, Касиљас, Бускетс и многу други. Сето ова е за шпанскиот фудбал и играчите од средниот ред. Денес многу пријатели ми кажаа дека фудбалот победил затоа што биле истакнати толку многу играчи од средниот ред. Тие ја извршуваат својата работа незабележано, но денес излегоа на виделина, изјави Родри за „AS“.
Родри стана третиот Шпанец во историјата кој ја освоил Златната топка. Пред него, наградата двапати ја освои поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Алфредо ди Стефано (1957, 1959) и еднаш поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Луис Суарез (1960).