Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше почестен со наградата Тренер на годината за време на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“ за 2024 година.

Популарниот Дон Карло заедно со другите мадриѓани ја бојкотираат церемонијата, бидејќи дознале дека Винисиус Жуниор нема да биде добитник на „Златната топка“.

Анчелоти лани освои три титули - ЛШ, Ла Лига и Кралскиот куп.

Наградата за Тренер на годината во иднина ќе го носи името „Јохан Кројф“ по легендарниот Холанѓанец, еден од најдобрите европски фудбалери на сите времиња, подоцна многу успешен како тренер на Барселона.

За познатиот фудбалер и тренер зборуваа поранешниот бугарски ас Христо Стоичков (добитник на Златната топка во 1994 година додека играше за Барса на Кројф) и Жорди Кројф, поранешен фудбалер и син на Јохан Кројф.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2024 04:59