Репрезентацијата на Франција го освои трофејот во Светската лига во одбојка, откако рано утрово го совлада домаќинот Бразил со 3:2.

Бразилците поведоа со 1-0 по 25:21 во првиот сет, следните два им припаднаа на Французите (25:15 и 25:23), домашните одбојкари изедначија на 2-2 (25:22), а во решавачкиот петти сет беше 15:13 за „триколорите“.

Најзаслужен за триумфот на Французите беше Ервин Нгапе со 29 освоени поени.

Нгапе беше прогласен за најкорисен играч на турнирот во Коритиба.

За Франција ова беше втор златен медал во Светската лига.

Во предигра на големото финале, Канада ги совлада САД со 3:1 и го освои бронзениот медал. По сетови: 18:25, 25:20, 25:22 и 25:21.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2017 19:22