Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку по четири сезони поминати во Евертон, кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед, клуб за кој вели дека му е желба од детството.
– Дојдов во Манчестер Јунајтед бидејќи тоа е најдобриот клуб на светот. Овој клуб е гладен за титули и сака повторно да доминира во светот. Ова е шанса која ја чекав уште од детството. Не можете да кажете не на најголемиот клуб на светот кој има најдобри навиовачи и најубав стадион, изјави Лукаку.
За трансферот на белгискиот репрезентативец Јунајтед на Евертон му плати 75 милиони фунти и практично му го „украде“ на шампионот Челзи кој речиси го имаше договорено овој трансфер.