Одбранбениот играч со германски пасош потпиша петгодишен договор со екипата од „Стемфорд бриџ“.

Дваесет и четиригодишниот Антонио Ридигер, кој до неодамна беше дефанзивен играч на Рома, потпиша петгодишен договор со Челзи од Лондон.

„Супер е чувството, нема секој играч шанса да потпише договор со олку голем клуб“, изјави Ридигер, кој во редовите на „сините“ ќе го носи дресот со бројот два.

Пред Германецот, во Челзи, како слободен играч, дојде голманот Вили Кабалјеро од Манчестер сити. Нема сомнение дека шампионот на Англија сега почнува да се загрева во преодниот рок.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2017 20:01