Експедицијата на македонскиот фудбалски шампион Вардар утрово се упати кон шведскиот град Малме, каде што в среда го игра првиот натпревар од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Противник на македонскиот првак е шампионот на Шведска, Малме.

„Црвено-црните“ во Шведска ќе пристигнат во претпладневните часови, а вечерва ќе го одработат и првиот тренинг. За утре е предвиден официјалниот тренинг на „Новиот стадион на Малме“, а претходно претставници од Вардар ќе одржат прес конференција.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2017 20:02