Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев и следната сезона ќе игра за Џенова.
Според пишувањата на медиумите од Италија, Пандев прифатил многу помала плата за и следната сезона да го носи дресот на Џенова иако за останувањето на струмичанецот инсистирал и тренерот Јуриќ.
Како што пренесува „Ил Секоло“, Пандев прифатил речиси три пати помала плата од онаа која ја добивал во претходните две сезони кога заработувал по 1 милион евра.
Иако минатиот месец самиот Пандев откри дека имал понуди од Кина, Турција и Полска, сепак тој најави дека сака да остане во Калчото и да ја заврши кариерата во Италија.
Минатата сезона Пандев настапи вкупно на 20 натпревaри, најголемиот дел од нив ги започнуваше од клупата за резерви, а постигна три гола во Серија А, додека во Купот на Италија одигра три натпревaри и постигна четири голови.