Министерот за финансии Драган Тевдовски учествува на конференција на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) што се одржува во Дубровник во периодот од 10 до 11 јули.
На конференцијата присутни се министри за финансии и гувернери на централните банки од регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа. Главен настан на конференцијата е тркалезната маса со директорката на ММФ Кристин Лагард.
Клучни теми на конференцијата се искуството од конвергенцијата на регионот, зајакнувањето на институциите и политичката економија и реформите.
Во рамки на престојот во Дубровник, министерот Тевдовски оствари средба со извршниот директор на ММФ за регионот, Ентони де Леној.