Во мај годинава Македонија ја посетиле 65.285 странски туристи, кои оствариле 121.345 ноќевања. Во тој период бројот на домашни туристи изнесувал 31.049 туристи со остварени 78.629 ноќевања, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2017 година изнесува 96.334, а бројот на ноќевањата изнесува 199.974.

Бројот на туристите во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, е зголемен за 11.7 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 16.0 отсто.

Бројот на домашните туристи во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, е зголемен за 22,5 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 7,2 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, е зголемен за 27,2 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9,8 отсто.

Во периодот јануари – мај 2017 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 11 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 13,2 отсто, а кај странските има зголемување за 9,9 отсто.

Во периодот јануари – мај 2017 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11,8 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 10,1 отсто, а кај странските има зголемување за 12,9 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2017 02:00