Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ е првиот финалист на Вимблдон, откако попладнево во првото полуфинале го победи Сем Квери од САД со 3-1, по сетови 6:7; 6:4; 7:6 и 7:5.

Хрватот на овој начин се избори за првпат во својата кариера да се бори за трофејот на Грен слемот во Лондон и да тргне по стапките на неговиот сонародник, легендарниот Горан Иванишевиќ.

Чилиќ веќе има трофеј од Грен слем турнирите. Тој победи на УС Опен во 2014 година.

Противник на Чилиќ во големото финале ќе биде победникот од мечот меѓу Роџер Федерер и Томаш Бердих што е во тек.

Финалето ќе се игра в недела со почеток од 15 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2017 19:28