ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во координација со Град Скопје, почна да спроведува посебна акција за одржување на јавната чистота во централното градско подрачје и во околината на Градскиот стадион.

Акцијата, информираат од Јавното претпријатие, почна на 11 јули и ќе трае до завршувањето на Супер купот на УЕФА што на 8 август 2017 година ќе се одигра на арената „Филип Втори“ во Скопје.

- Во акцијата секојдневно учествуваат приближно 20 работници кои се ангажирани за расчистување на отпадот, чистење и метење на скалите што ја поврзуваат улица „Лазар Личеноски“ со кејот на реката Вардар и рачно и машинско метење на скалите во близина на Градскиот стадион. Покрај тоа работат на расчистување на отпадот под мостот „Гоце Делчев“, Камениот Мост, мостот „Мајка Тереза“, мостот „Око“ и мостот „Слобода“, како и на рачно и машинско миење на сите улици и патеки околу Градскиот стадион, соопшти Комунална хигиена.

Покрај стандардната механизација, се вели во соопштението, во рамките на посебните активности поврзани со одвивањето на Супер купот на УЕФА, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје употребува и едно специјално комунално возило – пијаџо и три автоцистерни.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2017 20:30