Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Велика Британија во Формула 1 шампионатот.

Британецот на својата патека во Силверстон беше најбрз во квалификациите, 67. пат во кариерата и стигна на чекор од рекордот на легендарниот Михаел Шумахер, кој беше 68 пати на првата стартна позиција.

Од второто и третото стартно место ќе тргне тандемот на Ферари, Кими Раиконен – Себастијан Фетел, а зад нив Валери Ботас (Мерцедес), Макс Ферстастепен (Ред Бул), Нико Халкенберг (Рено), Серхио Перез (Форс Индија),….

Во генералниот пласман води Фетел со 171 поен, втор е Хамилтон со 20 помалку, а трет Ботас со 136.

Трка за ГН на Велика Британија на патеката Силверстон се вози утре од 15 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2017 17:56