Во Кочани ќе се градат пешачки и велосипедски патеки и ќе се реконструира стариот објект во планинарски дом на терените на Пониква на Осоговските планини во рамки на проектот „Планински велосипедски рај“.
Проектот заеднички ќе го реализираат општините Штип и Кочани преку Источниот плански регион.
Планински велосипедски рај во општина Кочани ќе се реализира на терените на Осоговските планини и ќе започнува од браната Градче, преку планинските предели на селото Јастребник се до Пониква во должина од 35 километри. Општина Кочани се обврзува да обезбеди кофинансирање во износ од близу 75.000 евра.
Со изградбата на пешачки и велосипедски патеки, како и со адаптацијата на зграда во планинарски дом и доуредување на паркинг просторот на Пониква, овој дел од Осоговските планини ќе биде подостапен до туристите и љубителите на планинските спортови.