Дојранчани утре ќе излезат на референдум на кој ќе гласаат дали се „за“ или „против“ отворање рудници на територијата на нивната општина.
Тие стравуваат дека рудникот Казандол, но и потенцијалното отворање на Башибоз на планината Беласица, се еколошка закана по земјоделството, туризмот и за Дојранско Езеро.
Досега, референдуми се одржаа во Гевгелија и во Богданци, каде што жителите се изјаснија против отворање рудници, а референдум ќе се одржи и во Валандово на 20 август.