Тренерот на Баерн Минхен Карло Анчелоти нема намера да го пушти Артуро Видал во Интер, пренесоа италијанските медиуми. Анчелоти ставил вето на трансферот на Чилеанецот дури и во случај на доаѓање на фудбалерот од средниот ред на Шалке Леон Горецки.

Германските медиуми најавуваат дека тој трансфер е веќе договорен, а со тоа се претпоставуваше и заминување на Видал, но Анчелоти не сака да се откаже од него дури ни за 50 милиони евра.

„Видал останува со нас. Им кажав на своите пријатели Сабатини и Спалети да заборават на него“, изјави Анчелоти. Баерн триесет годишниот Чилеанец го доведе од Јувентус пред две години за 40 милиони евра но беше далеку од нивото на кое играше во Торино и постигна 16 голови и исто толку асистенции на 88 натпревари.

За Јувентус на 171 настап постигна 48 голови и асистираше 25 пати, а за првиот клуб за кој настапуваше во Европа, Баер Леверкузен на 144 натпревари имаше по 21 гол и асистенција.

Видал за Чиле одигра 90 натпревари и постигна 22 гола со 13 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2017 19:02