Од денеска па до недела Скопје ќе биде домаќин на Балканскиот шампионат во одбојка на плажа за играчи до 22 годишна возраст.

Во Машка конкуренција ќе настапат фкупно 14 екипи, а Македонија ќе биде претставувана од две екипи. Првата екипа ќе ја сочинуваат Јован Илиевски и Лука Костиќ, а во втората ќе играат Владислав Лукаревски и Иван Замфиров.

Во женска конкуренција ќе играат 12 екипи. Македонскиот тим 1, ќе го сочинуваат Глорија Каровска и Моника Јаневиќ, додека во втората екипа ќе играат Јана Душковска и Сара Серафимовска.

Натпреварите стартуваат од 14 часот, а ќе се играат на терените крај реката Вардар во Градскиот парк во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2017 16:57