Во Охрид денеска и утре ќе се одржи Меѓународна едриличарска регата Охрид 2017. Натпреварот е возобновување на долгогодишната едриличарска традиција на Охридското Езеро.
Едриличарската регата официјално ќе почне денеска во 10 часот на главното градско пристаниште каде ќе бидат собрани сите едрилици и натпреварувачи. Регатата ќе се одржува во водите на Охридското Езеро, блиску до брегот.
Целта е популаризација на едрењето, не само како спорт туку и како начин на живот.