Општина Велес во соработка со Општинската организација на Сојузот на борците по повод големиот македонски празник Илинден, претпладнево ја посетија Спомен костурницата на загинатиоте борци од НОВ.

Букети цвеќе во знак на почит на сите македонски синови кои се бореа за Македонија, положија делегации на Општина Велес, на Сојузот на борци и претставници на АРМ од велешкиот гарнизон.

Делегациите положија цвеќе и на споменикот на Коњаникот во центарот на Велес, кој е посветен на велешките војводи – Илинденци: Јован Наумов Алабакот, Александар Димов Докурчев и Тодор Христов Офицерчето.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2017 14:01