Во Скопје сити мол денеска ќе се одржува манифестацијата „Глобално село“ каде на штандови ќе бидат претставени традицијата - кујна, специјалитети, музика и култура од Турција, Романија, Русија, Украина, Кина и Шпанија.

Скопје сити мол го организира настанот со АИЕСЕК Скопје. Целта, според организаторите, е да се зближат луѓето од различни земји и култури и да се прослават различностите, мултикултурализмот и глобализмот.

На влезот на Скопје сити мол, од 18 до 22 часот, свој штанд ќе има и АИЕСЕК. Манифестацијата вклучува млади кои се дел од проектите на размена на АИЕСЕК Скопје: SAMS и Green Up, кои ќе ги претстават своите држави преку својата кујна, традиционална облека, музика, предмети и сценски настапи.

- Македонија е земја во која е застапен мултикултурализмот, па затоа е од особена важност да ги спознаеме другите култури, да ги почувствуваме нивните животни стилови и да ги прифатиме различностите кои тие ги имаат. Со „Глобално село“ повторно ќе се зближат луѓето од различни култури, со што ќе се прослават различностите, мултикултурализмот и глобализмот, соопштија организаторите.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2017 12:27