Екипата на Арсенал триумфираше во англискиот Супер куп откако на Вембли го победи Челзи по изведување пенали, со тоа освојувачот на ФА купот од ланската сезона (Арсенал) беше подобар од првакот на Англија (Челзи) во натпреварот што значи старт на новата сезона во англискиот фудбал.

Шампионот Челзи поведе на почетокот на вториот дел со голот Виктор Мозес во 46.минута, а изедначи Сеад Колашинац во 82.минута. Откако во регуларниот дел беше 1:1 се изведуваа пенали. За Арсенал сите изведувачи беа прецизни од белата точка: Тео Волкот, Начо Монреал, Окслајд Чемберлен и Оливие Жиру, додека за Челзи гол од пенал постигна само Гери Кејхил, а непрецизни беа Тибо Куртоа и Алваро Мората.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2017 21:07