УЕФА одлучи дека за време на натпреварот од Суперкупот на Европа ќе има паузи за ладење на фудбалерите, поради високата температура во нашиот главен град.

Вакво правило важи во Американската фудбалска лига а УЕФА се реши да го примени и за утрешниот натпревар во случај температурата да биде над 32 степени. Предвидени се две паузи, по една во двете полувремиња, односно во 30-тата минута од натреварот и во 75-тата минута од вториот дел.

Според метеоролозите тополото време ќе продолжи се до петок а бидејќи натпреварот се игра во 20:45 минути се очекува надворешната температура да биде на границата со 32 степени,



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2017 17:07