Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо првпат е во Македонија и се надева дека нашиот главен град ќе му донесе среќа да го освои првиот Суперкуп на Европа во неговата кариера. Португалецот одговараше на бројните новинарски прашања на официјалната прес-конференција пред тренингот на „црвените ѓаволи“.

Потоа тренерот на победникот на Лига Европа се осврна на натпреварот против Реал Мадрид,

„Ние, ќе се обидеме да победиме, но јасно е дека има разлика меѓу победниците во Лигата на шампионите и Лига Европа. Тешко е да се освои Лига Европа бидејќи има многу натпревари, патувања, а мотивацијата не е толку голема бидејќи не претставува „Елдорадо“ за фудбалерите. Најголемиот квалитет е во Лигата на шампионите, кога играте во ЛШ тука се најдобрите тимови во Европа и играте против нив, сепак ние веруваме дека е можно да победиме“, изјави Мурињо.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2017 17:18