Португалецот откри дека се обидел да го адаптира својот тим на жешкото време во Скопје бидејќи знаеле каква температура ги очекува. Сепак, сметките му ги расипале дождовите во Манчестер.

„Знаев дека времето ќе биде вакво и откако се вративме од САД, решив да тренираме во Манчестер во 16 часот, но врнеше секој ден. Сакав да ја почувствуваат жештината, но врнеше постојано. Знам дека и Реал тренирал на пожешко време, веројатно се подобро подготвени за вакви услови, но сепак мора да играме и да уживаме во специјалниот момент. Не се игра често во Супер купот освен ако не сте Реал или Барселона и мора да уживаме во моментот, без разлика на времето. Се надевам дека и судијата Роки ќе дозволи паузи за фудбалерите да се освежат“, дополни Португалецот.

Манчестер Јунајтед на трофејот од Супер купот на Европа чека 26 години откако во 1991 година ја победи белградска Црвен Звезда.

По прес конференцијата Мурињо и неговите избраници ќе го одржат и единствениот тренинг на арената „Филип Втори“ каде утревечер против Реал ќе го играат дуелотод УЕФА Супер купот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2017 17:36