По Жозе Мурињо и неговата прес-конфренција на јавноста ѝ се обратија и Мајкл Керик и Хуан Мата.

Керик смета дека не смее да се потцени значењето на Суперкупот и дека станува збор за многу битен натпревар за Јунајтед.

– Овој натпревар е важен. Ова е голем натпревар, голем настан, да не го потценуваме. Големо постигнување е да се биде дел од ова натпреварување. Затоа го сфаќаме овој меч многу сериозно. Да се почне сезоната со трофеј, е фантастично нешто – рече Керик.

Во однос на Реал Мадрид од минатата сезона, колку зад нив е Манчестер во овој момент искусниот играч за врска вели дека не го потценува Реал, но Манчестер не е многу зад кралскиот клуб.

– Кога зборуваме за Реал Мадрид, зборуваме за шампионот на Европа, најпрестижниот трофеј во фудбалот. Тоа е тимот кој сакаме да победиме. Тие победија во Ла Лига во Шпанија. Занеме кој е Реал, но Манечстер има своја историја, и едвај чекаме да стигнеме каде што Реал беше минатата сезона, да го добиеме тој трофеј. Знаеме каде сме, работиме на себе, го јакнеме тимот, со млади луѓе и амбициосни кои сакаат да освојуваат титули, и нормално дека ќе продолжиме да се бориме за трофеи. Нормално зборуваме за најдобрите тимови во светот Реал, Барселона, Баерн и Манчестер јунајтед – додаде Керик.

За последното засилување на Манчестер, Србинот Немања Матиќ, Керик вели дека е извонреден играч.

– Матиќ е извонреден играч, знае што треба да победиме. Сакаме такви луѓе кои ќе ни помиогнат да бидеме уште подобри. Одигра маестрално во последните неколку сезони во Челзи. Ја знае лигата, го знае првенството. Мислам дека брзо ќе се адаптира, ќе се прилагоди на нашите потреби и ќе игра главна улога – заврши Керик.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2017 17:46