Жозе Мурињо не сака да му се меша во работата на својот колега, но предлага Горан Пандев со приватен авион да пристигне на неколку часа и веднаш да се врати во Џенова.

Пандев играше под палка на Жозе Мурињо во Интер и заедно ја освоија Лигата на шампионите.

–Не сакам да бидам во позиција во која што е мојот колега во Џенова. Тој би можел да каже дека не е моја работа да коментирам. Единствено можам да кажам дека Горан е најдобриот играч во македонската историја. Тој е звучно име тука. Приватен авион може да направи чуда. Пандев може да дојде само за натпреварот и да си замине оттука, рече Мурињо.

Горан Пандев е македонскиот амбасадор за Суперкупот на УЕФА, но тој нема да биде утре во Скопје, поради професионалните обврски во екипата на Џенова. Тренерот на Џенова Иван Јуриќ, нема да му дозволи на Пандев да дојде во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2017 17:57