Помор на риби е забележан од страна на граѓани на реката Тополка кај Превалец, кај испустниот канал од фабриката за вар се по течението на Тополка, до вливот во реката Вардар.

Граѓаните ја информирале полицијата која направила увид и го известила Здруженито на спортски риболовци од Велес „Бабуна“. На местото бил и рибочуварот Маслак Шевкет.

– Отидовме во месноста Превалец, кај каналот што истекува од фабриката за вар. Притоа утврдивме дека над каналот има живи риби, а под каналот немаше риби. Заклучокот е дека поморот е направен од фабриката за вар, се вели во писмената изјава на Шевкет.

Секреторот на Здруженито на спортски риболовци од Велес „Бабуна“ Томе Илиевски за МИА изјави дека ова не е прв туку, како што рече, еден од неколкуте помори на риби на овој потег на реката Топлока, од каналот кај фабриката за вар се до вливот на Топлка во Вардар или околу 4 километри.

Од Здруженито „Бабуна“ зеле примероци од угинатата риба, кои ќе ги достават до Инспекторатот за животна средина на понатмошна анализа.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2017 03:06