Триесет и пет новинари од сегашни и поранешни медиуми се уапсени во Турција во полициска операција против движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кое е обвинето за неуспешниот обид за преврат на 17 јули минатата година, јави Анадолија.

Новинарите се приведени поради тоа што го користеле системот за комуникација ByLock. Тој систем според полицијата е создаден специјално за комуницирање меѓу поддржувачите на Ѓулен. Преку таа апликација се давани и наредби и соопштенија од организаторите на пучот.

Меѓу уапсените е и поранешниот главен уредник на затворениот весник „Бирѓун“, Бурак Екиџи. Полицијата упаднала и во домовите на новинарите, јавија локални медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2017 10:40