Компанијата „Форд моторс“ (Ford Motors) денеска соопшти дека ќе го намали бројот на вработени во ЕУ и Велика Британија за 4.000 до крајот на 2027 година.

Намалувањето на бројот на вработените, како што наведе компанијата е поради состојбата на економијата и притисокот од зголемената конкуренција, како и помалата продажбата на електрични возила од очекуваното.

„Форд моторс“ посочи и дека и Германија ќе се соочи со откази, но оти тоа ќе биде реализирано во консултација со претставниците на вработените. Компанијата најави дека ќе го намали и работното време на работниците во фабриката во Келн, каде што ги произведува електричните возила Капри и Експлорер.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2024 05:16