Илјадници присуствуваа на годинашната церемонија во Токио во спомен на загинатите над три милиони Јапонци кон конфликтот. На церемонијата учествуваа и императорот Акихито, императорката Мичико, премиерот Шинѕо Абе, јави ДПА.
– Како што размислувам за минатото и за длабоките рани, искрено се надевам дека пустошот на војната никогаш нема да се врати, рече императорот.
Во обраќањето премиерот Абе, кој е критикуван за омаловажување на воената суровост на Јапонија, не ја спомена воената агресија на неговата земја во Азија.
– Ќе придонесеме за светскиот мир и благосостојба преку искрена борба со серија предизвици, вклучувајќи го проблемот со сиромаштијата, која може да се претвори во причина за конфликти, рече Абе.
Тој од неодамна се стреми да го промени пацифичкиот Устав на Јапонија, чиј член 9 забранува употреба на сила за решавање на меѓународни спорови.
Во септември 2015 година владејачката коалиција на Абе протурка спорен закон, кој им дозволува на јапонските војници да учествуваат во воени дејствија надвор од земјата.
Претходно денеска Абе испрати ритуален дар до токискиот храм Јасукуни, каде се оддава почит на загинатите јапонски војници од 19. век досега, не не го посети лично.
Посетата на јапонскиот лидер на Јасукуни предизвикува гневна реакција на Кина и Јужна Кореја, бидејќи во тој храм се оддава почит и на 14 јапонски воени злосторници, осудени од сојузничките сили.
Од стапувањето на должност во 2012 година Абе го посетил храмот само еднаш. Тогаш беше подложен на критики од САД и некои азиски држави. Премиерот сепак редовно испраќа дарови на храмот на 15 август и на празниците на храмот, кои се одржуват два пати годишно.