Авио-компанијата Ер Берлин поднесе барање за стечај поради несолвентност откако главниот акционер Етихад ервејз, одби понатамошно финансирање.

Авиокомпанијата и неговите ќерки компании поднесоа барање за стечај во локален германски суд без барање за банкрот, се вели во соопштение на компанијата. Сепак, продолжуваат разговорите со ривалската Луфтханза за преземање делови од бизнисот.

Ер Берлин влезе во реструктуирање во обид да запре години работење со загуби вклучително и давање на лизинг на свои летала на Луфтханза.

Етихад во 2011 година го купи Ер Берлин и успеа со финансиска поддршка да го одржи во работа, но компанијата со седиште во Абу Даби ја ревидира својата европска инвестиција откако не успеа да оствари профит што ја очекуваше.

Етихад последен пат обезбеди финансирање од 250 милиони долари во април оваа година.

Ер Берлин наведува дека ќе продолжи да извршува летови. Германската Влада објави дека обезбедила 150 милиони евра кредит додека тргувањето со акцииите на компанијата е запрена.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2017 15:49