Нашиот најголем трговски центар Skopje City Mall и оваа летна сезона ја затвора со најголемите финални попусти на речиси сите производи и летни колекции кај реномираните светски и локални брендови собрани на едно место.

Почнувајќи од денес па сѐ додека не се потрошат залихите, сите посетители ќе може да уживаат во купување по намалени цени до -70% на модните колекции кои го одбележаа ова лето. Љубителите на шопингот знаат дека два пати во годината се организираат најголемите сезонски распродажби кога можат да си набават сѐ што им е потребно по примамливо ниски цени, па така знаат дека кога завршува летото, започнуваат и финалните попусти.

“Водени од искуствата од претходните години, очекуваме дека потрошувачите ќе го препознаат периодот на најголеми намалувања за претходните колекции, кој ќе резултира со голема посетеност и задоволни купувачи кои ќе обезбедат фантастични парчиња гардероба од најголемите реномирани брендови, а притоа ќе потрошат многу малку пари. Ние секогаш на прво место ги ставаме нашите посетители, па така за оваа распродажба овозможивме на сите производи да може да се види и спореди првата со последната цена. Многу честа слика кај нас се лажните и нереални попусти кои многумина ги нудат, па така ние сакаме да ги заштитиме правата на потрошувачите и да им покажаме дека попустите во Skopje City Mall се секогаш реални и ги исполнуваат нивните очекувања.” – изјави Дарко Панчевски од Skopje City Mall.

Од трговскиот центар ги повикуваат сите љубители на шопингот деновиве да го посетат Skopje City Mall, да уживаат во позитивна атмосфера и да го искористат најголемиот сезонски попуст. А оние кои чекаат на новите колекции есен-зима, веќе може да ги најдат во сите продавници на трговскиот центар.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2017 13:00