Дивата депонија во Тетово која се наоѓа на влезот на градот гори, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.
Огнот се шири кон силосите за жито на „Жито Полог“, а според градоначалничката на Тетово, Теута Арифи за неколку часа ќе се знае дали екипите на територијалната противпожарна единица ќе успеат да го изгаснат пожарот или ќе биде потребна помош.
Во гаснењето на пожарот биле ангажирани четири цистерни, а ветерот ги усложнувал условите за негово локализирање.