Во Валандово денeска се одржува референдум на кој жителите од оваа општина треба да се изјаснат дали се „за“ или „против“ продолжување или стопирање на работата на рударскиот комплекс Казандол, но и дали да се отворат или не нови рудници за метални минерални суровини.

За референдумот да биде успешен, треба да излезат најмалку 5.200 граѓани со право на глас.

Валандово е четвртиот град каде што се одржува референдум. Жителите на Гевгелија, Богданци и Дојран веќе се изјаснија против отворање рудници.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2017 13:42