Спелеолози во истражување на пештера на планината Сува Гора, во атарот на селото Корита, наишле на човечки коски, дел од активирана граната за рачен фрлач, ловечка пушка и повеќе парчиња облека. Пронајдените работи се дадени на вештачење, по што ќе биде познато од кое време потекнуваат и како остатоците се нашле на тоа место.

Според МВР откритието на спелеолозите било пријавено на 18 август, во поладневните часови.

– Претседателот на спелеолошкиот клуб „Кораби“ пријавил дека претходниот ден додека истражувале пештера (на околу 20 метри длабочина) на место викано „Чавкарник“ во село Корито, забележале остатоци од неколку черепи и една неексплодирана граната, информираат од МВР

По пријавата бил информиран и Јавен обвинител, кој наредил да се изврши увид, што бил извршен вчера, а го направил со полициски службеници, претставници од Дирекцијата за заштита и спасување и од Секторот за антитероризам при УБК Гостивар.

По увидот на дното на пештерата, на длабочина од околу 30 метри биле пронајдени и извадени дел од активирана граната од рачен фрлач, делови од човечки труп, еден долен дел од обувка, еден дел од реденик за куршуми, две чаури од патрони од ловечка пушка, повеќе парчиња облека и една запалка. Пронајдените предмети се фотографирани и доставени за вештачење.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2017 16:00