Град Скопје информира дека проектот „Супер Скопје“ продолжува наредниот викенд во Старата скопска чаршија.

На плоштадот „Скендер Бег“ в петок, во 21 часот ќе настапат Трикс Гоца Тржан, Цена и Гоце САФ. В сабота на плоштадот пред црквата „Свети Спас“ во 21 часот ќе настапат Офкестра, Фанки Гуру, Енерџи бенд и Фиц (Студени нозе).

– Проектот „Супер Скопје“ доаѓа на предлог и иницијатива на сопствениците и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје и е во насока на подобрување на културно-забавната понуда во главниот град, соопшти Град Скопје.

Главен организатори на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“.

Согласно одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжено за еден час.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2017 17:45