По пишувањата во дел од порталите дена Управата за јавни приходи го затворило објектот „Дежаву“ во Аеродром, од кафулето целосно ги демантираат овие пишувања.
Редакцијата на Популарно.мк се обратиле до Зоран Василевски, задолжен за односи со јавност на кафулето кој изјавил:
– Дежаву работи нормално како и секој останат ден. И ние како и суте останати угостителски објекти подложиме на контроли, но не се утврдени неправилности и работиме нормално. Целосно ги демантираме тенденциозните објави во дел од порталите и социјалните мрежи дека нашето кафуле е затворено од УЈП – вели Василевски.
Оваа вест беше демантирана и од портпаролот на УЈП кој во кратка телефонска изјава за порталот изјави дека објектот не е затворен од УЈП.
Инаку, во претходните денови беа затворени објектите на кафулето „Тренд“ и слаткарницата „Палма“ поради прекршување на Законот за регистрирање на готовински промет, односно поради неиздавање на фискални сметки, изјавија од УЈП.
Извор: Популарно.мк