Сите земјоделски култури трпат последици од топлото време зашто нема доволно влага во почвата. Врнежите денеска и утре веројатно нема да ги сменат драстично состојбите ако интензитетот е слаб, велат агрометеоролозите.

- Врнежите сега не менуваат ништо, ни треба повеќе дожд. Вода ни треба. Пролетните и окопните култури се во критична, дури катастрофална состојба, посебно пченката. Оние површини кои не се под сиетми за наводнување некаде може и да не дадат принос, изјави Ангелко Ангелески од УХМР.

Според него, штети трпат и лозарството и овоштарството.

- Веќе почнуваат да дехидрираат зрната на грозјето и да се суши дел од стеблото. Овошките, пак, сега, во август, ги формираат цветните папки. Ако немаат доволно вода може да се случи догодина да не дадат род или родот да биде многу мал, истакна Ангелески.

За конечна оценка како врнежите ќе влијааат врз земјоделството, потенцира, сепак ќе треба да се почека, да се проследи нивниот интензитет дениовиве.

Наводнувањето да продолжи, е препораката на агрометеоролозите.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2017 12:38