За последните детали за организацијата на овој голем настан, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и организаторите на „Супер Скопје“ остварија средба со дел од претставниците на угостителските објекти од овој реон.

Во рамките на „Супер Скопје“ овој викенд, забавата ќе започне денес во 21 часот, каде присустните ќе можат да уживаат во настапите на Ди Џеј Дела (DJ Dela), Ај Кју (Eye Cue) и Каролина Гочева.

Во сабота (02.09.2017 година) забавата ќе започне во 22 часот, каде ќе настапат Тамара Тодевска, како и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2017 09:18