Од УЈП информираа дека поради нерегистрирање на готовинскиот промет и неиздавање на фискални сметки бил времено затворен кафичот „Броз“. И покрај забраната, објектот продолжил со работа, по што денеска бил затворен со асистенција на полицијата.
-Поради утврдени неправилности во деловниот објект, односно нерегистрирање на готовинскиот промет и неиздавање на фискални сметки, донесено е времено решение со кое на даночниот обврзник му се забранува вршење на дејност во деловната просторија и изречена е глоба за сторен прекршок согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања, соопштија од УЈП.