Рускиот претседател Владимир Путин изрази загриженост поради ситуацијата на Корејскиот Полуостров, предупредувајќи дека таа се влошила и сега балансира на работ на голем судир.

- Не можам да ја игнорирам ситуацијата на Корејскиот полуостров, која во последно време се заостри и балансира на работ на голем судир. Русија верува дека е погрешно и безнадежно мислењето оти севернокорејската ракетна и нуклеарна програма може да се запре само со притисок врз Пјонгјанг, истакна Путин во неговиот авторски текст, објавен во водечките медиуми во земјите-членки на БРИКС, непосредно пред Самитот што ќе се одржи во Кина.

Путин потенцира дека проблемот треба да се решава со дијалог и без провокации и притисок.

- Неопходно е проблемите во регионот да се решаваат по пат на директен дијалог меѓу сите заинтересирани страни, без поставување предуслови. Провокации, притисоци, воена и навредлива реторика се пат кој не води никаде, напиша Путин.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2017 10:53