Домот на култура „Кочо Рацин“- Скопје под покровителство на Град Скопје објавува Конкурс за учесници на книжевно- поетска работилница.

Право на учество на конкурсот имаат лицата до 35 години кои, како што велат од Дом на култура „Кочо Рацин“, ќе имаат можност да научат практично да ги пишуваат најрепрезентативните книжевни жанри од поезија, проза и драма. Конкурсот ќе биде отворен до 29 септември 2017.

– Целта на работилницата е развивање на креативното мислење и интелектуалното развивање на младите лица од средните училишта, студентите и на оние кои имаат афинитет кон пишаниот збор и креативното изразување, велат од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“,

Модератор и организатор на работилницата е писателката м-р Марина Мијаковска. Освен м-р Мијаковска, работилницата ќе ја водат и писателите д-р Славчо Ковилоски и Стефан Марковски.

– За работилницата се предвидени четири термини (во сабота), во октомври 2017 година. Работилницата вклучува креативни вежби, практично креативно изразување, дискусии, дебати и евалуација на резултатите од креативниот труд. Најдобрите творби на учесниците ќе бидат објавени во Алманах за кој е предвидена промоција на истиот, информираат од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“- .

Заинтересираните кандидати (со име, презиме, број на телефон) може да се пријават на следниов контакт: hristovskaj@yahoo.com



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2017 17:40