Денес и утре големата летна забава „Супер Скопје“, којашто се одржуваше во текот на претходните три викенди, продолжува на Боемска улица.

Денес, забавата ќе почне во 21 часот со настапот на Влатко Илиевски, а ќе продолжи со настапите на групите СИНТЕЗИС и ФОЛТИН. Бината ќе биде поствена на улицата „Боемска 1“ пред гостилницата Канцеларија.

Утре, присутните ќе ги забавуваат во 21 часот Нино Величковски и Тамбурашите, а ќе продолжат Љубојна и Оркестарот на Џамбо Агушев на бината којашто ќе биде поставена на улицата „Боемска 2“ на просторот помеѓу гостилниците „ Кај Перо“ и „Идадија“.

Проектот „Супер Скопје“ доаѓа на предлог и иницијатива на сопственици и менаџерите на угостителски објекти од повеќе локации од Скопје, кои како најупатени директно беа инволвирани во изборот на изведувачите кои ќе настапуваат на соодветните локации.

Главен организатор на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“ (Gorilla wild entertainment group).

За потсетување, согласно со одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржува „Супер Скопје“ работното време на угостителските локали е продолжен за еден час .



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2017 23:03