Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ која годинава ќе се одржи од 26 септемеври до 1 октомври е востановена награда за најуспешен земјоделец на Општина Кочани. Наградата може да ја добие евидентиран земјоделски производител кој има остварено натпросечни приноси на одредена земјоделска култура.
По тој повод Одборот за организација на манифестацијата го објави повикот за пријавување на лица земјоделци за добивање на наградата.
- Предлози можат да достават урбани и месни заедници на село, надлежните органи од областа на земјоделството како што е Подрачната единица на земјоделствто за земјоделие во Кочани, од Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството – Кочани, научни установи од областа на земјоделството, Асоцијацијата на земјоделците на општина Кочани, трговски друштва чија дејност е од областа на земјоделството, истакнуваат од Одборот за организација на манифестацијата.
Предлозите за наградата најдобар земјоделец треба да бидат образложени. Наградата е парична и ја обезбедува општина Кочани, а ќе биде доделена на завршната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ на 1 октомври во Паркот на револуцијата во Кочани.