Со 13 гласови „за“ Советот на Општина Охрид денеска донесе одлука за спроведување рефенрендум на кој граѓаните ќе се изјаснуваат за подготвеноста на оштината на своја територија да прифати и смести лица - баратели на азил.

Со ист број гласови мнозинството во Советот предводен од ВМРО-ДПМНЕ ја прифати и одлуката референдумското изјаснување да се спроведе на 15 октомври, на денот на одржувањето на локалните избори.

Двајца од вкупно 25-те советници се изјаснија „воздржани“ на гласањето, додека останатите не ни гласаа.

Советниците на мнозинството го обвинија своите колеги кои не гласаа дека на тој начин придонесуваат Охрид од туристички да го претворат во бегалски центар, додека оние од опозицијата со став дека граѓаните на Охрид на референдум ќе се треба да се произнесат по беспредметно прашање.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2017 13:36