Ракометарите на македонскиот вицепрвак Металург попладнево загубија во натпреварот од 1.коло од Д групата од Лигата на шампионите од Монпеље со 32:22 (19:11). Македонскиот тим равноправен беше до средината на првиот дел кога резултатот беше 7:6 за домашната екипа. Но, во следните пет минути Монпеље направи серија од 6-1 за водство од 13:7 и на полувреме беше 19:11.

Во 41.минута Монпеље поведе и со 10 голови разлика (24:14). Водство кое францускиот тим го имаше и на крајот на натпреварот – 32:22.

Најефикасен кај Монпеље беше Мишел Гигу со шест голови, додека во редовите на Металург најпрецизни беа Халил Јагањац со 6 и Филип Кузмановски со 5.

На другите дуели од оваа група: Мотор – Чеховски Медведи 36:23, додека утре се игра дуелот Бешикташ – Спортинг.

Македонскиот и европски шампион Вардар својот натпревар од 1.коло (А група) го игра утре на гости против Висла во Плоцк со почеток во 19 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2017 10:49